Stevo Pendarovski
Честитки по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
Враќајќи ни ја надежта во општото добро, овој празник нѐ потсетува дека сме си потребни едни на други и дека сме одговорни едни за други. Следејќи го Христовиот пример, да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество во кое ќе има место за секого бидејќи, секој човек, независно од етничката, верската, јазичната, социјалната, политичката или која било друга припадност – е наш ближен.
Христос воскресна!
Навистина воскресна!
